Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Охридскиот гитарист Мартин Милески пред околу една недела го претстави својот прв официјален сингл насловен “Secrets”. Ова е само дел од музичката приказна нa Мaртин од осум делови наречена "Colosseum Full of Emotions" која наскоро ќе излезе.

“Secrets” е првиот официјален сингл на Охридскиот гитарист Мартин Милески. Тој при гостување во емисија на ИН ТВ истакна дека ова видео е само мал дел од албумот кој следи наскоро, а е насловен "Colosseum Full of Emotions".

-Можам да кажам дека видеото го опишува мојот живот, односно е биографски. Приказната потекнува од тоа колку само нашите родители кријат толку многу работи за ние да имаме безгрижно детство, а тоа го сфатив откако ги нема веќе моите родители. Сега сфатив дека некои работи не сум ги знаел, дека некои работи биле скриени од мене за јас да имам искрена детска насмевка и да живеам среќно и безгрижно. Оттука потекнува се, па таква е приказната на спотот.-истакна Мартин.

Музиката за “Secrests” ја направи токму Мартин, за аранжманот се погрижи Александар Јосифоски, а видеото е дело на Кристијан Љушев, заедно со Томе Љушев. На фејсбук профилот на Мартин изминативе денови можевме да забележиме низа позитивни коментари за неговото видео, што значи дека публиката доста добро ја прифати оваа емотивна приказна.

-Презадоволен сум, добив премногу позитивни коментари, добив доста емотивни пораки, голем број од моите пријатели беа и насолзени, а тоа е на некој начин она што сакав да го претставам со спотот и ќе кажам да ги почитувате вашите родители, затоа што еден ден ќе ги нема. Значи сум презадоволен од тоа како е прифатена песната, иако станува збор за инструменталка. -додава Мартин.


Музичката приказна "Colosseum Full of Emotions", како што вели Мартин ќе биде составена од осум делови, а песните ќе бидат поврзани едни со други. 

Во продолжение уживајте во прекрасното видео на Мартин !

scroll back to top
 

Гости присутни

Има 76 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/