Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин


Адреналин бенд снимија спот за нивната “Летна Шема”. Ова е нивна втора песна за која се надеваат дека ќе стане новиот летен хит во Македонија. Спотот се снимаше на прекрасна плажа крај Охридското езеро, а го изработи ИН Продукција.

Момците од Адреналин бенд-Скопје снимија спот за Песната “Летна шема”.

-Да бидам искрен, ова беше напорен ден и би рекол доста успешен, бидејќи ова е веќе втора наша песна, која ќе биде подарок за публиката. Првата песна навистина остави добар впечаток кај целокупната јавност, а мислам дека така ќе биде и со втората песна за која се надеваме дека ќе стане нов летен хит во нашата земја.-истакна Ивица од Адреналин бенд.

-Текстописец на оваа песна е Огнен Неделковски, кој ја напиша и првата песна, па еве веќе и по втор пат, продолжуваме соработка со него. Музиката е една преработка, а аранжманот е на Мите Стоилков. Мите ја работеше и првата песна, поминавме многу добро и мислам дека и со втората песна нема да згрешиме што направивме ваков чекор.-додава тој.

Ивица вели дека сепак ќе остават на публиката да го погледне спотот, да ја слушне песната и тие да оценат дали е квалитетна, па потоа и дали ќе биде прифатена.

-Мислам дека публиката е мерило за она што се вели успех и добра музика, таа мислам дека најдобро ќе оцени и ќе го каже она вистинското за тоа дали е квалитетна и дали ќе биде прифатена или не.-додаде Ивица.

Спотот се снимаше на атрактивна локација, односно  на една прекрасна плажа на Охридското крајбрежје, а во соработка со ИН Продукција.




scroll back to top
 

Гости присутни

Има 81 гости присутни
Банер
INTV можете да ја гледате на intvau.com и од сега на сателит во Австралија на tvplus.com.au
  • Facebook Group: 142357699153937
  • YouTube: EVoficialvideo
Банер
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/