Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Наум Петрески синоќа приреди тричасовно уживање за својата публика, по повод неговиот 30-годишен јубилеј. Во склоп на концертот насловен како ” Грло ненапеано” беа изведени неговите најголеми, но и најнови

хитови: “Има ли песна”, “Оди ѕвездо”, “За Милица”, “Русе ле Русе убаво”, “Желба последна”, “Лазарополе”, “Грло ненапеано”, “Не си одиме рано”, “Две китки”, “За многу години Македонци” и други.


Оркестарот на Милан Кацарски го придружуваше Наум во текот на целиот концерт, а свој дел имаа и трубачи, тамбураши, како и фолклорни друштва. Се разбира Наум отпеа и дуетска песна со неговата сопруга Зуица

Лазова, а негови гости беа и Ѓоко Танески, Јоце Панов, Виолета Томовска, Андруш Ангеловски, гостите од Бугарија, Димитар Димитров-Градевец и прекрасната Румјана Попова. За убавото расположение на многубројната

публика се погрижија актерите Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски.


Публиката особено уживаше во настапот со Андруш на “Оди ѕвездо” и во дуетот со Виолета Томовска на песната “За многу години Македонци”.


Наум по повод јубилејот прими плакети од продукциската куќа која во последниве 10 години се грижи за неговата кариера “Award promotion” и Радио Роса.



scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/