Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Елена Велевска не изненади со Велигденска фотосесија заедно со нејзините деца. Таа вели дека најтешко е да се работи со децата, бидејќи сите три треба да бидат усогласени. "Кога се повеќе луѓе во прашање малку потешко е да се работи."-вели Елена.

Македонската фолк пејачка Елена Велевска ја изненади својата публика со прекрасна Велигденска фотосесија, на која се појавуваат и нејзините три дечиња.

-Најтешко ми е да работам со децата бидејќи сите три треба истовремено да позираат, да се мирни, а малата е најнемирна. Така да треба да гледам се да биде како што треба, позирањата, насмевките и да бидеме сите усогласени. Кога се повеќе луѓе во прашање малку е потешко да се работи, потешко се одвиват работите, но ете овојпат работевме со Томе Табанов, којшто многу ми помогна околу усогласувањата.-вели Елена.

-Малечката правеше малку нереди со боите, не беше сконцентрирана на тоа дека треба да се вапцуваат јајца. Неа и беше интересно да се прскаме со бои, да растураме и настана еден мал хаос дома, но сето тоа е оправдано кога се во прашање децата бидејќи јас викам домот е секогаш убав кога е растурено, тоа е знак дека некој живее таму, дека убаво е кога има нереди, бидејќи кога е празно, кога е глуво тоа е знак дека никој не живее и нема таква енергија, нема таков хаос во домот, што мене навистина ми е убаво кога сум дома и гледам слободното време секогаш да го поминам со децата.-додава Елена.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/