Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

 

Премиерно во Охрид во нашата ИН телевизија, песната која ќе ве расплаче, носи наслов “Една е мајка” а е најновото остварување на еминетната Елена Велевска. Како што истакнува Елена, токму од ИН тв сакаше да

започне една голема промоција на оваа песна со оглед на тоа што таа ќе има голема гледаност.



Премиерно во Охрид во нашата ИН телевизија, песната која ќе ве расплаче, носи наслов “Една е мајка” а е најновото остварување на еминетната Елена Велевска. Како што истакнува Елена, токму од ИН тв сакаше да започне една голема промоција на оваа песна со оглед на тоа што таа ќе има голема гледаност.

-Воедно, сакам да кажам дека ова е подарок за сите мајки.Посебно изненадување направив за мојата мајка како роденденски подарок. Во знак на благодарност на личноста која што секогаш е до мене кога ми треба било каква поддршка во животот. Сакав да ја изненадам и да и подарам еден таков роденденски кој што досега и не го добила а го заслужува, истакна Елена, додавајќи дека сите мајки заслужуваат многу голема почит.

За оваа нумера, како што најави Елена а токму и во пресрет на 8ми март, ќе биде направен и видео запис за песната “Една е мајка”.

-Засега направен е само планот, но ете откако излезе како готов производ од студио, веќе сме со намера да снимаме. Подготовките се веќе започнати, така што до 8ми март сигурно ќе имаме видео спот, вели  Елена.

Рефренот за песната го направила Елена, додека пак за строфите бил вклучен и познатиот текстописец Орце Зафировски.

-Песната ја работев со Гоце Костовски Пејак, снимена е во Прилеп во “Про-саунд”студио кај Славко Ристески. Ова е едно освежување во мојата музичка кариера и ваков тип на песни навистина ми се потребни, бидејќи кога одам низ дијаспората секогаш сакаат песни поврзани со носталгијата која што ја чувствуваат врз своите родители кои се овде оставени, истакнува Елена.

Таа најави и кратка турнеја во Швајцарија за следниот период.



 

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/