Се за македонската естрада...


ФОЛК ЕВЕРГРИН

Фолк евергрин

Светски познатиот рапер, Нели, уапсен под обвинение за силување. Адвокатот на раперот ги негира обвинувањата.

Познатиот американски рапер Нели е уапсен откако една обожавателка поднесе тужба за наводно силување во неговиот автобус за турнеи, кое се случило во близина на Сиетл.

Портпаролот на полицијата во Оберн, командант Стив Стокер изјави дека Нели, односно Корнел Ајрал Хајнс Џуниор, се наоѓа во притвор по неговото апсење во саботата наутро. Адвокатот на раперот, Скот Розенблум категорично ги негира обвинувањата, оценувајќи ги како „потполно измислени“.

Раперот инаку, е трикратен добитник на Греми, меѓу кои и за песната „Hot in Here“, а познат е и по хитовите „My Place”, „Over and Over” „Dilemma”, како и минатогодишната „Millionaire“.

scroll back to top
 
http://estradaplus.com/plugins/page/ http://estradaplus.com/cache/view/docs/