(Видео) На водителки среде емисија им соопштиле дека се позитивни на ковид

На водителките Ани Наваро и Сани Хостин среде емисијата „Погледот“ на Еј-Би-Си (АБЦ) телевизијата им било речено дека мора да ја напуштат.

– Двете мора да излезете на момент – им рекол човекој кој се наоѓал зад камерите.

Ана и Сани биле вакцинирани со две дози вакцина против ковид-19, но рале да го напуштат студиотто пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис затоа што им бил потврден коронавирусот. Со нив во студиото биле уште две водителки.

– Се чини дека овде нешто се случува, но не сум свесна за што. Може некој да ми објасни што се случува? – коментираше водителката и потоа им објасни на гледачите што се случило.

– Бидејќи ова во секој момент ќе биде главна вест, Сани и Ана очигледно биле позитивни на коронавирусот. Овие работи се случуваат, веројатно брзо ќе се опорават и сигурно ќе бидат добро затоа што се целосно вакцинирани – изјави водителката Бехар.

Потпретседателката на САД, Камала Харис потоа се вклучи во емисијата од другото студио во централата на Еј-Би-Си во Њујорк.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*