Ана Николиќ јавно им порача на сите: Кој се осмели да се закача со мене, лошо ќе помине

По успешното слабеење, пејачката Ана Николиќ сега изгледа подобро од кога било. Не само што ја донесе својата тежина до совршенство, туку и го затегна своето телото благодарение на напорниот дневен тренинг.

Пејачката ова лето беше во Турција со својата ќерка Тара, каде максимално го искористи сонцето, плажата, морето и базенот. Кога и е здодевно, Ана чита книга или се фотографира за социјални мрежи, во бикини.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Турците не се рамнодушни на Ана, а малкумина би можеле да бидат.

Ана е чест гостин во Македонија. Пред неколку години, во трговскиот центар Сити мол, ред дел од македонските медиуми и обожаватели, Ана го изрази своето задоволство од соработката со еден бразилски бренд за обувки.

-Чест ми е што сум дел од овој професионален тим. Mе избраа мене, како дел од новата генерација девојки што ќе го презентираат најдоброто од Ипанема на Балканот – изјави пејачката.

Облечена во пастелно розов плисиран фустан, со специфичен отвор во предниот дел, таа ги собра симпатиите на присутните.

На прашањето, зошто токму брендот ја одбрал неа, Николиќ објаснува:

-Освен поради мојата музика, која потсетува на бразилската и моето танцување, верувам дека тимот ме одбра и поради образованието што го имам. За оние што не знаат, јас завршив вишо училиште за дизајн на обувки.

Така, во рамки на договорот, кој подразбира четири типа на соработка, јас ќе ја дизајнирам колекцијата апостолки за следната година – откри Ана.

Таа како заштитно лице направи и провокативна фотосесија“, објави Фешнел. Иако за оваа пригода дојде во високи потпетици, пејачката потенцираше на удобноста на рамните обувки, кои во следната колекција ќе ги имаат и стиховите од нејзините песни.

Ана Николиќ од време на време води војна со хејт ери што ја иритираат. Овој пат, таа ги предупреди сите што велат за неа дека е „дрог ирана и нарк оманка“, дека ќе бидат на суд.

– Мојот живот, љубовта на мојот живот, сите идеали, семејството пропадна и исчезна поради тие по роци. Имам голем проблем кога некој ќе ме прогласи за зависник од нив. Но, секој може да напише што сака.

Секој ќе треба да го докаже тоа или да плати огромна казна. Мислите што сакате во себе … Но, кој се осмелува да стави лоши зборови, ќе мора да одговара за тоа – затоа што тоа е ноторна лага – вели Николиќ и додава:

– Се е можно, ова е отворен профил. Но, секој што споменува по роци до моето име, ќе биде одговорен за тоа и ќе мора јавно да ми се извини лично – заклучува Ана Николиќ на својот Инстаграм профил.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*