Здравко Чолиќ отиде на клиника за да се подмлади и заврши на кислород: Ќе биде ставен на специјален медицински третман

Чолиќ е феноменален. Го нема некое време, но, се сеќавам кога пред некој месец дојде за прв пат, сите ние бевме воодушевени. Дојде со упат од својот матичен доктор. Се шегуваше на сопствена сметка а во шала кажуваше како доаѓа да вдишува чист кислород за помлад изглед и да ги одржува гласните жици во нормала.

Хипербаричната комора помага на целиот организам да биде витален, а на Здравко тоа му значи многу поради професијата која ја има. Го очекуваме повторно бидејќи е прекрасен и секогаш расположен, човек од народот, вели извор на кој се повикуваат белградските медиуми, а кој инсистираше на своја анонимност.

Инаку во државната болница која ја посетува балканската музичка легенда, освен со упат од доктор кога е бесплатно користењето на хипербаричната комора, секој граѓанин може слободно да дојде и да закаже и искористи еден термин. Како што се наведува, цената на еден термин се движи од 9.000 до 10.000 српски динари.

Експертот за хипербарична комора, Зоран Пејчиќ, објаснува зошто овој вид третман е добар.

Кислородот е живот, универзално гориво и енергија на животот. Третманот со хипербарични комори се изведува во медицински установи. Кислородот е исклучително важен за пејачите поради нивното грло и глас. Ја подобрува општата отпорност на вируси, го ревитализира организмот, го зајакнува имунолошкиот систем и се препорачува за превенција од многу болести, вели тој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*