Еве како балканските пејачи и пејачки изгледале на својата матурска – ПОЧЕКАЈТЕ да ја видите Карлеуша, ќе се изненадите!

Тие денес се славни и успешни, но некогаш изгледале потполно обично како и нивните врсници.

За овие познати ликови денес се грижат професионални шминкери и стилисти, но повеќето од нив како матуранти тешко дека би ги препознале. Некои од овие фотографии ќе не потсетат и на ретро стиловите од 90-тите и 80-тите, но и колку познатите се промениле во изминатиов период.

Тие со силни емоции се потсетуваат на матурските денови кога сонувале дека ќе бидат она што се денес.

Саша Поповиќ како матурант и денес

Саша Поповиќ од мали нозе сакал да стане музичар, па најпрво ќе заврши нижо музичко училиште, па и средно во 1973 година, што подоцна многу му значеше во кариерата.

Жељко Самарџиќ

Познатиот пејач Жељко Самарџиќ средното училиште го заврши во 1974 година. Тој има многу убави спомени од матурските во неговото време. Има пеено на многу од нив, па и на својата. Познатиот пејач дури и својата сакана сопруга ја има запросено, но не на неговата, туку на нејзината.

Цеца како матурантка

Познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во светот на шоубизнисот влезе како многу мала.

Паралелно со пеењето таа го завршуваше и средното училиште, а матурираше во 1991 година. Како што самата вели денес и е жал што не се запишала на факултет, па ги советува сите помлади никогаш да не го оставаат училиштето бидејќи тоа не може да им ја кочи кариерата.

Карлеуша во матурски фустан

Во јавноста малку е познато дека Јелена Карлеуша му беше партнерка на матурската на еден средношколец во 2013 година. Момчето ја имаше таа среќа да ја добие наградата што ја организираше дневниот весник Ало, па на својата матурска се појави со познатата балканска дива.

Еве како таа изгледаше за оваа пригода:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*