Ја пронашол мајка си после 45. години: Она што му го кажала кога се сретнале ги топи и најтврдите срца!

Прочитајте емотивна приказна за состанокот мајка и син после пет децении, приказна која иако е од 2020 година сеуште кога ќе ја прочитате ќе ве растажи. Брус Холивуд, поранешен полковник на военото воздухопловство, бил посвоен како дете од американска двојка која живеела во Јапонија. Иако секогаш го убедувале да ја побара својата биолошка мајка, тој упорно одбивал додека не доживеал срцев удар. Додека лежел во колата на брзата помош во него се разбудила желбата да се поврзе со неа.

Кога се опоравил, тој започнал да ја бара жената која се откажала од него и го дала на посвојување кај американска двојка во 1960. година. Американската и јапонскара амбасада, како и приватниот детектив, не можеле да му помогнат во потрагата. Случајно, Брус седел покрај друг војник во кафуле на аеродромот. Тој ја споменал неуспешната потрага по својата биолошка мајка, а другиот маж ја понудил својата помош.

Холивуд му ги дал сите собрани информации, а десет дена подоцна добил повик од јапонската амбасада. Одговорното лице за односи со јавност му кажало дека ја пронашле неговата мајка која ќе го повика за 10. минути, но дека не знае англиски. Сепак, тоа не го обесхрабрило, па почнал да бара преведувач. Набргу потоа, за прв пат по 45. години, тој ја виде мајката, Нобуа Оучи. Цело време плачела од возбуда и среќа.

Во разговорот, таа откри дека токму таа го именувала Брус, а тој бил затекнат од нејзината безусловна љубов, иако биле разделени скоро пет децении. Тие започнале да се посетуваат еден со друг во Америка и Јапонија и со текот на годините станале многу блиски.
Брус бил посебно погоден од фактот дека Нобуа го именувала својот ресторан по него.

Пресреќната мајка на својот син му дала хартија со информации за биолошкиот татко, па Брус го запознал својот постар брат, кој бил воодушевен од неговиот повик.

Од сите прекрасни моменти, војникот признава дека негов омилен е оној кога неговата мајка во текот на првиот повик открила дека знаела дека еден ден ќе се врати и дека никогаш не се омажила затоа што „во срцето имало само простор за еден маж“ – Брус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*