“Благословено е чуството, кога професионално работиш со синот.”

Напиша на својата најнова објава на ФБ виолинистот на група Чардак, Џеват Рамаданоски, каде ја промовира најновата (ковер) песна на групата, “Весели другари”, дел од првата емисија на музичкиот сериал “ИмаТ немаТ” што деновиве започна на ТВ Сонце и ке продолжи во ист термин (Недела, 21 00).
“Група Чардак за реализирање на овој “Мега проект” го проширија својот состав со што како втора виолина дојде Бајрам Рамаданоски (мојот син)”, на кларинет Димитар Дичо Димоски Васко стојаноски и Митко Бежаноски, на неколку песни го вклучивме младиот Филип Михајлоски на канон”- вели Џеват.

Бајрам, иаку е релативно млад (19) примерен и одговара на барањата од групата во реализирање на предвидените нови “освежени” аранжмани на песните во ова Шоу.
Годинава е студент во прва година на Факултетот за Музицка Уметност (ФМУ) – Скопје, инаку со виолината другарува од неговата 5 година.
Бајрам имавме можност да го видиме и на други музички проекти
– 2016 проект со Анета Наковска и група Чардак.
– 2018 (20 години – група Чардак) концерт во зиво
– 2020 (Божиќно схоњ) со Сузана Гавазова
– 2021 “ИмаТ немаТ” со група Чардак.

Група Чардак и Жанко З’ш се домакини на овој најнов проект во продукција на ИнТв под режија на главниот и одговорен уредник Ване Петковски.
Како пријатели на емисијата се јавуваат бројни естрадни уметници добро познати и дел од нив за прв ке имате можност да ги видите, т.е. нивните музички води почнуваат во овој проект.

Гледачите го проектот Џеват ке се наврати на емоциите и ке додаде:
” Бајрам од најмала вораст си ја одбра професијата на својот живот, виолината, преку спомнативе досегашни музички проекти тоа се потврдува, музика и само музика, иаку моменталната состојба со пандемијата нас музичарите најмногу не погоди и не врати десетина години назат низ времето, но сепак љубовта кон музиката и зацртаната цел по која се стремиме сите музичари, не дозволува да скршниме од патот, се надевам не грешиме.”
Многумина ке ми напишат:
“Клон… упградед” …..
“Пораснал малиот,….”
“Ке стане по добар од тебе, ке те надмине,…..”
” Точно така, ке ме надмине, тоа е желба на секој родител, децата да станат по успесни од родителите,… Дај Боже”

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*