ЛУЃЕ И НАСТАНИ Родителите на Џејла Рамовиќ лути поради нејзината врска со Марија Шерифовиќ – Ова не го очекуваа од неа!

Марија Шерифовиќ воопшто не е вознемирена после пишувањата на српски „Курир“ за нејзиниот близок однос со Џејла Рамовиќ, но затоа пак, семејството на Џејла е видно револтирано и луто после ваквиот натпис.

Имено, после обелоденувањето дека се во врсла, во домот на семејството на Џејла во Горажда следувала вистинска драма. Нејзините родители со неверување и благо шокирани барале од младата пејачка да им ја каже вистината, а таа константно негирала и тврдела дека и местат афера, а зад сите невистини наводно стојат учесници од натпреварувањето кои се љубоморни на нејзиниот талент, слава и популарност.

Семејството на Џејла ја цени и почитува Марија и и се многу благодарни поради поддршката која што ја добиваат од неа. Сепак, сознанието дека Џејла со својата менторка има нешто повеќе од пријателство за нив беше удар. Јасно и ставија на Џејла до знаење дека Марија ја прифаќаат исклучиво како нејзина другарка и колешка која што и помага во кариерата, открил близок извор на семејството.

Марија Шерифовиќ се уште се нема огласено по повод овие пишувања и во моментов се одмара и полни батерии во Америка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*