Ташко Каранфиловски се потсетува на Австралиската турнеја

Ташко Каранфиловски се потсетува на првата Австралиска турнеја. Покрај одличните концерти и големата посетеност, тој вели дека запознал прекрасни луѓе кои засекогаш ќе останат во неговото срце.

Ташко Каранфиловски во интервју за ИН ТВ раскажува за неговата прва Австралиска турнеја и се потсетува на прекрасните мигови поминати таму со нашите Македонци. Во 2020-та тој требаше уште двапати да отпатува за Австралија на веќе закажани прослави, но за жал сето тоа се одложува за некои подобри времиња.

-Тоа беше моја прва турнеја во Австралија и иако не очекував, поминав пре преубаво, немам зборови со кои би го опишал тоа. Голема Благодарност до нашата публика, настапите беа навистина доста посетени. Некои од колегите ми велеа, првпат одиш немој да мислиш дека ќе поминеш вака или онака, меѓутоа наспроти тоа јас можам да кажам дека поминав прекрасно. Таму бев по заслуга на Рокдејл Илинден од Сиднеј и почитуваниот Симе Бричот. Како голема поддршка за мојата прва турнеја во Австралија е неповторливиот мој кум, Туше. Поминавме прекрасно, сретнав доста луѓе, запознав многу нови луѓе кои кај мене оставија голем белег и секогаш се потсеќам на нив, па и ден ден си комуницираме. Во 2020-та требаше уште двапати да одам во Австралија, тоа беше за во мај каде што имаа организирано неколку концерти и за дочекот на Нова Година требаше да бидам таму во Рокдејл Илинден во Сиднеј, но како за сите така и за мене периодов ќе го поминеме дома.-раскажува Каранфиловски за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, слободното време кое го има во изобилство периодов, Ташко го користи за поинтензивна работа во студио, како и за подготовка на третиот албум кој што треба да излезе во најскоро време.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*