Марко Трпчевски : Главна цел ни е да создадеме нешто по што ќе не паметат

Иако периодов стагнираат од одржување на јавни настапи, Марко Трпчевски и група Плетенка работат на новиот материјал. При гостувањето во емисијата “Наша Сцена”, Марко открива која е неговата главна цел во поглед на музиката.

Марко Трпчевски и група Плетенка се добро познати на јавноста од нивните бројни настапи на фамилијарните прослави. Периодов одмараат од свирките, но сепак работат на нивниот нов материјал. Како што вели Марко тие активно работат на новите песни, а при крај се и со подготовките на нивниот албум.

-Семејните прослави се во тек на нашата работа, но главна цел ни е да создадеме нешто што ќе остане позади нас и по што луѓето ќе не запаметат. Тоа е моето мислење и тоа е мојата цел. Активно работиме, снимаме, имаме снимени веќе неколку песни кои сеуште не се промовирани. Во тек ни е и албумот, но се во свое време.-истакна Трпчевски при гостувањето во емисијата  “Наша Сцена”.

Инаку, Марко во интервјуто за ИН ТВ открива дека пред да започне со пеење, најпрво се дружел со познатиот македонски традиционален инструмент, тапан.

Со оглед на тоа што важи за голем вљубеник на македонската народна песна, тој пред извесен период во студиото на ИН Продукција ја промовираше преработката на добро познатата македонска патриотска песна “Внуци на Гоцета”.

Во емисијата “Наша Сцена” тој со кратка изведба во живо ги поздрави гледачите на Естрадниот магазин “Естрада плус” и сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*