Се огласи и Саша Ковачевиќ – Како тој ја коментира врската на Цеца и Богдан?

Откако Цеца официјално потврди дека има нов дечко, медиумите постојано објавуваат информации поврзани со неа и нејзината нова љубов Богдан Срејовиќ.

А веќе е добро познато дека Богдан до пред пет години бил во брак со сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ.

Саша Ковачевиќ се огласи за новата љубовна врска, па пејачот кажа дека неговата девојка Зорана и Богдан и понатака се во добри односи.

„Богдан и Зорана отсекогаш се во добри односи. Не коментирам бидејќи не сакам да навлегувам во туѓ живот. Многу ми е драго ако тој и Цеца се заљубени, тоа е најубавата работа која може да се случи покрај децата“, истакна Саша Ковачевиќ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*