Почина познатиот саксофонист Ице Атанасовски

Со големо неверување екипата на естрадниот магазин Естрада плус ја прими веста за смртта на уште еден македонски музичар.

Станува збор за инструменталистот Ице Атанасовски од Битола, познат музичар кој што соработуваше буквално со целата македонска естрада, а важеше и за близок соработник на ИН Продукција.

Веста за прераната смрт ја потврдија и неговите најблиски на социјалните мрежи, а неговите колеги сеуште се простуваат од него објавувајќи заеднички фотографии со Ице.

„Тажен ден, почина познатиот саксофонист Ице Атанасовски, од Битола“, стои во објавата на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.

Иако повеќето медиуми објавија дека Ице починал од корона вирусот, неговата сопруга ги демантираше овие пишувања. Еве што напиша таа на нејзиниот профил на фејсбук:

-Ице Атанасовски си замина синоќа пред полноќ на возраст на која никој не треба да замини. Ице велат почина од короната. Да, но не од болеста, туку од системската корона која владее во проклетијава.

Почина од несовесноста на некои индивидуи во нашава битолска болница, кои го лечеа со терапија за корона, на негативен тест и им требаше 10 дена да откријат дека не му работи срцето 10 дена некој да венее пред нивните очи а тие да поминуваат покрај него, без да се запрашаат, ама чекај, можи е нешто плус… За по 10 дена кога веќе беше пред умирање да го пуштат Скопје и тоа БЕЗ да го најават како итен случај. Не им ги знам имињата, и не вреди да именувам, тоа се вика системски пропуст, негрижа, нечовечност, затоа што во тие денови поминале 10 доктори на визита… Тоа е она што фали, човечноста и совеста, и она што мојот статус нема ни да го смени за жал. Секоја чест на докторите од Кардиохирургија Скопје кои веднаш извршија оперативен зафат на срцето дадоа се од себе еден месец, ама не издржа.Доминантно станува збор за микотична сепса и септичен шок .И да, денес од земјава нема еден неверојатен човек и талент заради короната, ама не онаа од која мислите. И не е прв, а нема ни да биде последен дури сите молчиме.. Жалам од дното на душата за сите жртви на оваа проклета СИСТЕМСКА НЕспособност што не е партиска, туку е НЕ човечка. Почивај во мир голем човеку 😢😢 🙏🙏 Тоа што го помина ти да не се повтори на никој.-стои во нејзината објава.

Ице Атанасовски е роден на 18 ноември 1978-ма година во Битола, а до пред неколку години беше член на групата „Модус“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*