Оркестар Маестрал со песна за првиот танц на младоженците

Оркестар Маестрал ја промовираа новата песна “ТИ СИ МОЈА” која што е вистинско изненадување за јавноста. Песната е во ретро стил и наликува на оние на Битлси.

Иако се познати по свадбарските песни, Оркестар Маестрал одлучија да ја изненадат јавноста со нешто многу поразлично од она што досега го работеле.

Станува збор за нивната најнова песна со наслов “ТИ СИ МОЈА”, која е наменета за првиот танц на младоженците.

Песната е во доста интересен стил и наликува на големите хитови на познатите Битлси.

-Оваа песна оркестарот Маестрал им ја посветува на сите младоженци на кој им имаме свирено на свадби и на тие што допрва ќе им свириме. Оркестарот Маестрал има таква можност, но и секој друг музичар на секоја свадба ги гледа младите на првиот нивни танц заедно и пред нив, тоа е навистина за нас возбудливо и затоа сакавме една ваква песна да створиме и да им ја поклониме на младите како прв танц на нивните свадби. Песната ја составив јас, а истотака ми помогнаа и членовите на оркестарот Маестрал и мислам добро е некој да се најде стилски во песната, да се најде текстуално во нашата песна, па тогаш ние би биле задоволни од тој исход.-истакна Александар Тасевски, член на Оркестар Маестрал.

Како што велат оваа песна било планирано да излезе на почетокот од 2020-та година, но со оглед на состојбата со корона кризата и забраната за свирки и јавни собири биле приморани да го одложат промовирањето на песната за понатаму.

-Оркестарот Маестрал работи на сите терени, на сите можни музички дејствувања што може да бидат, таа песна ќе биде како поклон за сите вљубени бидејќи планираме да се објави токму на Денот на вљубените. Па се надеваме дека ќе успее.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, тие пред само краток период во студиото на ИН Продукција промовираа две нови песни “Господ внук ни подари” и “Благослов за Анастасија”. Песните се наменети за внучињата на нивни блиски пријатели од Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*