Рита Ора доби отказ од популарно британско музичко шоу

Продуцентите на музичкото шоу „The Masked Singer“ и дадоа отказ на Рита Ора, која беше член на жирито, откако двапати ги прекрши мерките за заштита од короната. Рита пред неколку месеци отпатува во Египет за да има настап во хотел со пет sвезди, а откако се врати во Англија, наместо да биде во карантин, организираше тајна роденденска забава во ресторан со многу пријатели.

„Емисиите што се прикажуваа периодов се снимени пред нејзиниот роденден. Се вложуваат напори дза сите што се вклучени во шоуто да бидат безбедни, па затоа многумина се почувствуваа изневерени од начинот на кој се однесуваше Рита“, рекол извор близок до шоуто за „Мирор“.

Од друга страна, извор близок до пејачката, тврди дека причината што Рита нема да се појави во новата сезона на шоуто е затоа што прифатила друг ангажман.

„Таа од неодамна е во Австралија и ќе го снима ‘Војс’ следните неколку месеци“, рекол изворот.

И откако пристигна во Австралија, Ора имаше неприлики, а јавноста се бунеше што нивни блиски, па и австралиски државјани не можат да влезат во земјата, а Рита добила дозвола. Британската полиција, пак, неодамна ја нарече пејачката „себична“ затоа што во ноември одржа затворена забава за нејзиниот 30. роденден. Откако полицијата ја растури забавата, Рита беше казнета со 30.000 фунти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*