Бобан Илијевски најавува соработка со Џамбо Агушев

Кларинетистот Бобан Илијевски во интервју за ИН ТВ најавува неколку нови ора. Како што вели тој во моментов се подготвува и орото кое ќе биде во соработка со Џамбо Агушев.

Музичарот Бобан Илијевски кој свири на кларинет за периодот кој следи најавува нови авторски ора. Како што открива тој за естрадниот магазин Естрада плус, едното од нив ќе биде во соработка со светски познатиот Џамбо Агушев.

-Имам уште едно оро кое се подготвува периодов, а морам да го поздравам и Џамбо Агушев со него имам едно оро снимено и тоа треба да се промовира здравје понатаму, малку е во застој тоа оро. Скоро е готово и треба да се изведе пред јавноста и тоа. Ќе биде и со мојот Мега бенд.-истакна Бобан за Естрада плус.

Во интервјуто за ИН ТВ, Илијевски накратко ја раскажува неговата музичка приказна и открива со кои музичари од естрадата соработува за семејните прослави.

-Доста долг период се дружам со музиката, уште од најрана возраст. Јас сум музички образован, од нижо музичко до факултет. Долг период сум со музиката и имам доста настапи на семејните прослави. Морам да ги поздравам колегите од Мега бенд, долго време имам соработувано со нив и со други бендови. Во тешки моменти се снаоѓаме, кога не можеле моите колеги соработував со други и се надевам дека што поскоро ќе помине овој лош период и ќе се врати во нормала се како што си функционираше претходно.-додава тој за естрадниот магазин.

Пред само краток период Бобан во студиото на ИН Продукција го претстави неговото прво авторско дело насловено “Мераклиско оро”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*