Тони Цетински подигнал кредит за да ја сними новата песна

На овогодинешната Дорба, што во сабота ќе се одржи во Опатија, ќе настапи Тони Цетински, и тоа во дует со Кики Рахимовски.

Ќе ја отпеат темата со наслов „Запевај, слобода је!“ и ќе се обидат да ја освојат титулата хрватски евровизиски претставник за оваа година.

– Ќе пееме за слободата! Но не само како еден тип слобода, туку сите! Слободата е, сакале или не, главна тема овие времиња, рекол Тони и признал дека за да го финансира сето она што ќе се случува на сцената морал да крене кредит.

– Да е нормално време, да не е короната и сето ова што ни се случи, не знам дали толку би се потрудил и би вложил средства. Зедов кредит! Зедов кредит за да можам сето да го финансирам. Песната не е бавна, има доста ритам, доста е енергична, рекол Тони.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*