Две нови наменски песни најавуваат познатите Респекти

Две нови наменски песни најавуваат од Скопската Група Респекти. Едната од нив тие одлучија да биде наменета за “Внуче”, додека другата ќе биде посветена на познато Скопско село.

После нивниот голем свадбарски хит насловен “Свирете за зетот”, од група Респекти најавуваат две нови песни. Едната од нив ќе биде наменета за семејните прослави, а ќе се пее за најмилото “Внуче”.

-Не можеме многу да планираме, но ние размислуваме на доста проекти. Мислам дека можеме да го искористиме моментов кога сите луѓе се дома, па можеби и уште подобро би се пласирало пред малите екрани, но ние беа забранети спотовите, поради ситуацијата не можевме да изработиме спот. Тоа ќе беше сосема коректно во овие моменти да ги направиме нашите нови проекти, но мислам дека во најскоро време ќе извадиме една прекрасна песна. Можам да кажам дека ќе биде за внуче, наменска ќе биде. Јас сум текстописец на таа песна, музиката и аранжманот ќе ги направиме заедно со бендот исто како што си ја направивме песната Свирете за зетот.-истакна Даниел Сидовски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Даниел открива дека имаат уште една нова песна која што ќе биде посветена на едно од најпознатите Скопски села.

-Имаме уште една за едно село кое е толку полно со жар. Се работи за Скопско село, за едни прекрасни луѓе, ќе ги поздравам, тие си знаат, но нема да ги откријам кои се. Јас сум човек од збор и кога ќе кажам дека ќе ја направам таа песна, ќе ја направам и ќе биде специјално за нив. Станува збор за лица кои уште на почетокот на мојата музичка кариера, уште во минатото ми помогнале, биле присутни и до ден денес се присутни на моите свирки па дури ми давале доверба да им свирам на нивни приватни прослави.-додава Сидовски, за Естрада плус.

Инаку, песната “Свирете за зетот” засега е одлично прифатена од јавноста, а од група Респекти се надеваат дека песната ќе биде новиот хит на претстојните свадбени веселби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*