„Секси сењорита“ го објави новиот спот

Милица Павловиќ одново изненади, но и ја шокираше публиката кога на своите профили на социјалните мрежи  објави многу провокативен и секси тизер за нејзината нова песна, која носи два наслови.

Станува збор за песната „Црна Јутра / Балкан СМ“, со која таа всушност го најавува своето актерско деби во најочекуваната серија оваа година „Певачица“, во која ја играше главната улога.

Милица работеше на серијата четири месеци, а ја игра улогата на девојка која стана огромна sвезда, споменатата песна ќе биде претставена како дел од серијата. Иако нејзините колеги „кренаа рачна“ во последните месеци кога станува збор за објавување песни, поради целата ситуација со коронапандемијата, Павловиќ сними и високобуџетен спот за оваа песна, со што целосно ги изненади нејзините обожаватели.

Секси сењорита во ова издание апсолутно го оправда својот прекар, бидејќи реши да го нагласи своето секси извајано тело во различни ултра – провокативни стајлинзи.

Несомнено е дека публиката навистина ќе може да ужива во песната, но и во еротските сцени на видеото кое можете да го проследите во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*