Драгана Јовановска го промовираше спотот за песната “Тајната на љубовта”

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот на Драгана Јовановска за нејзината најнова песна со наслов “Тајната на љубовта” ?!

Младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Тајната на љубовта”.

-Песната првпат е изведена на меѓународниот фестивал ,,Ѕвездички ” каде што освоив Гранд При. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Миодраг Врчаковски, a музички продуцент е Александар Митевски. Песната се вика ,,Тајната на љубовта” за која што снимивме спот со ИН Продукција. Јас сум навистина презадоволна од производот кој го добивме, а наскоро ќе имате прилика и вие да го погледнете, поточно на 6-ти Февруари на YouTube каналот Dragana Jovanovska, каде што ќе биде и официјалната промоција.-вели Драгана за естрадниот магазин Естрада плус.

Иако е релативно млада, Драгана има 5 свои авторски песни: “Роденденски концерт”, “Мојата мајка”, “Светилка”, “Тој ден”, “Сакам овој ден да трае” и секако најновата песна за која наскоро ќе излезе и видео записот ,,Тајната на љубовта”.

Во продолжение погледнете го спотот кој го изработи ИН Продукција !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*