Горан Стоилков : Засега мируваме и одмараме, но ни фалат свирките

За тоа како влијае корона кризата врз македонските музичари, но и како го исполнува слободното време по дома, во интервју за ИН ТВ открива вокалот на Огнени момчиња, Горан Стоилков. Тие на крајот од 2020-та година гостуваа во студиото на ИН Продукција при што претставија одличен проект со кавери на познати хитови.

Горан Стоилков, вокал на групата Огнени момчиња во интервју за ИН ТВ зборува за корона кризата и за тоа како овој период влијаеше врз музичарите. Иако станува збор за доста тежок период бидејќи сите нивни свирки се откажани, тој вели дека сепак од една страна тоа било и добро затоа што посветиле повеќе внимание на нивните најблиски.

-Па добро беше 2019-та спрема 2020-та супер беше и почетокот на месец јануари, потоа во февруари стивна работата, па март започна пандемијата на корона вирусот и засега мируваме, одмараме со фамилиите дома. Да ви кажам искрено ни требаше такво нешто, затоа што веќе толку време музицираме и не памтиме за Нова година кога сме биле дома. Ова ни беше прва година и убаво од една страна бидејќи си бевме со семејствата.-истакна Горан за естрадниот магазин Естрада плус.

Стоилков вели дека секогаш си наоѓа некоја занимација по дома, но сепак премногу му фалат настапите и дружбата со нивните обожаватели, надевајќи се дека ова зло ќе заврши во најскоро време.

-Уф, многу е тешко без настапите, верувајте дека многу фали. Цело време сме по дома, ајде ќе земиш инструмент ќе чепнеш нешто, дали песна, ќе програмираш, ќе работиш, со оглед на тоа и што компонирам песни ќе земам нешто ќе сработам. Многу е тешко верувајте, тоа што го работите од срце многу е тешко некој да ви го одземе тоа, но што да правиме, како за сите така и за нас. Да сме здрави и живи е најбитно.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Огнени Момчиња на македонската естрада опстојуваат долги 28 години. Бендот се состои од неколку искусни музичари и тоа : Гоце-бубњеви, Илми-саксофон, Столе-хармоника, Валентино-бас клавијатура и Горан Стоилков-вокал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*