Ангел Стојкоски го открива најсреќниот момент од 2020-та година

2020-та беше убава за Ангел Стојкоски бидејќи дипломира и на голема среќа веднаш се вработи како професор во Средното музичко училиште во Струга. Тој изминатиов период работеше на неговиот нов проект со македонска музика, а за во иднина најува доста новитети.

Ангел Стојкоски во интервју за ИН ТВ открива дека 2020-та година започнала доста плодно за него, но за жал беше приморан да откаже бројни свирки поради пандемијата на корона вирусот. Покрај лошите моменти кои ги имавме сите во претходната година, на Ангел му се случи и нешто убаво, а тоа е дипломирањето и вработувањето како професор во Средното музичко училиште во Струга. Ангел за следниот период најавува доста новитети на музичко поле.

-Најпрво сакам да кажам дека крајот на 2019-та започна перфектно до март 2020-та. Јас тоа не го очекував, скоро секој ден бев ангажиран и таа ми беше најполна година досега од сите. Но, се случи тоа што се случи со ситуацијата, пред се мораме да го чуваме здравјето. Можам да се пофалам дека веќе дипломирав и станав професор во Средното музичко училиште во Струга.

Веќе е размислено за 2021-ва што ќе работиме бидејќи имавме доволно време да размислиме и да си направиме планови. Овие слободни денови некогаш ни фалат, можеби не многу, но ни фали тоа да бидеме сами, да компонираме и да размислуваме што ќе биде понатаму.-вели Ангел за естрадниот магазин Естрада плус.

Пред само краток период, Ангел го промовираше неговиот најнов проект кој се состои од неколку сплетови со добро познати македонски народни песни. Проектот го работеше со маестро Златко Миладиноски, а видеото го снимаше во новото студио на ИН Продукција во Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*