СТОЈНЕ НИКОЛОВА ПОСВЕТУВА ПЕСНА НА КАМИОНЏИИТЕ

Стојне Николова најавува нова песна која што ќе биде посветена на сите камионџии. Спотот за оваа песна ќе биде снимен во Македонија и Австралија.

И нашата џебна Венера, атрактивната Стојне Николова постојано работи на нејзината музичка кариера и новите песни преку кои внесува свежина во етерот. Откако ја претстави нејзината нова песна која носи наслов “Новата јас”, а со која што настапи на фестивалот Роса Фест 2020-та, таа најавува голем музички проект кој ќе биде во соработка со врвни музичари. Станува збор за песната “Камионџија”, која ќе биде дует со нејзин колега кој моментално е во Австралија. Видеото за песната е предвидено да се снима во Македонија, но дел и во далечната Австралија.

-Јас постојано работам на нови проекти и постојано имам планови што понатаму, што следи, што треба обожавателите да слушаат ново од мене. Веќе имам една многу интересна песна, јас и во претходното интервју нешто најавив. Се работи за една многу интересна тема, за еден дует со мој колега Манчи, тој е моментално во Австралија, поздрав до него и неговата екипа. Песната се вика Камионџија, една тема за која што мислам дека никој сеуште не отпеал на македонски. Во песната свират Џамбо, Мишел, една убава екипа и песната излезе навистина убаво, можам слободно да  кажам и очекуваме што поскоро да го реализираме и видеото. Се работи за голем проект и вложено е многу љубов, труд и во самата песна, а секако дека така ќе биде и за видеото кое ќе се снима тука и во Австралија.-открива Николова за гледачите на ИН ТВ.

Стојне се надева дека овој голем проект ќе успеат да го комплетираат во најскоро време, па песната и спотот ќе ги промовираат во текот на 2021-ва година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*