Шакира и Пике имаат две деца заедно, но пејачката не сака да се омажи за него

Љубовната приказна на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот невенчан сопруг фудбалерот Жерард Пике ја фасцинира јавноста веќе цела деценија, а „тајната состојка“ за нивниот успех на емотивен план е тоа што пејачката без оглед на големата љубов и двете деца, не сака официјално да се омажи за шпанскиот фудбалер.

„Да бидам искрена, бракот многу ме плаши. Не сакам тој да ме гледа само како сопруга. Сакам да ме гледа како девојка, љубовница, забрането овошје… Разбирате? Сакам да го држам во неизвесност и да мисли дека се е можно и дека се зависи од однесувањето“, изјави Шакира гостувајќи во една емисија заедно со Пике.

Една од причините што популарната Колумбијка се плаши по вторпат да го изговори судбоносното „да“ сигурно е и големиот проблем кој го имаше за време на разводот од првиот сопруг Антонио де ла Руа. Имено, Антонио најпрвин ја тужеше Шакира за 250 милиони долари, а потоа за уште 100 милиони долари обвинувајќи ја дека успешно ја водел нејзината кариера цела деценија, но кога таа ја прекинала нивната деловна соработка тој претрпел огромни загуби.

Во меѓувреме Судот ги отфрлил сите негови обвинувања, а пејачката и Пике станаа родители на двете момчиња, Милан и Саша.

Да се потсетиме, пејачката и фудбалерот се сретнаа во пролетта 2010 година кога тој беше еден од играчите кои се појавија во спотот за песната „Waka Waka (This Time for South Africa)” која беше официјалната песна на Светското првенство одржано во 2010 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*