Сeверина иако не е разведена се сели на имотот на новото момче

Северина Којиќ започнува живот со новото момче Томислав Воштиниќ. Како за почеток таа ќе се пресели на неговиот имот во Иваниќ град, каде што ќе помине одреден период за да видат како ќе функционираат тие двајца.

Северина, инаку подолг период не е во добри односи со Игор Којиќ, се зборува дека не се виделе речиси една година.

Во меѓувреме, пејачката си пронајде ново момче со кое го мина целото лето, а очигледно планираат да живеат заедно. Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстарење на Јадранот.

Имајќи предвид дека нивната љубов цвета, двајцата разговарале и за подигнување на врската на повисоко ниво, па Воштиниќ и предложи да започнат да живеат заедно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*