Џенифер Лопез и помладата сестра неверојатно си личат

Џенифер Лопез е добро позната низ целиот свет – пејачка, актерка и заводничка која е родена во Бронкс, а со својата напорна работа стана една од најбогатите и најуспешните жени во светот.

Светски познатата ѕвезда има и две сестри, а многумина велат дека помладата Линзи Лопез неодоливо изгледа како популарната сестра.

Линзи е често и пред камера, бидејќи е новинарка и е многу успешна во својата работа.

Кога Линзи неодамна на својот Инстаграм профил објави слика од снежниот Њујорк, со бела волнена капа на главата и завиткана во шал, многумина останаа зачудени, бидејќи на почетокот мислеа дека тоа е Џеј Ло.

Многу луѓе мислат дека Џенифер и Линда изгледаат многу слично, а вие проценете сами. Едно е сигурно, овие две сестри поминуваат многу време заедно, и често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи!

Џенифер и Линзи имаат уште една, најстара сестра, Линда, која е оперска пејачка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*