Мини филм на Сузана Гавазова за песната “Прстен Несуден”

Сузана Гавазова пред само краток период го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Прстен Несуден”. Интересно е тоа што оваа песна е претставена во еден мини филм кој што го работеа ИН Продукција и Даниел Јовески.

На почетокот на 2021-ва година, познатата фолк дива Сузана Гавазова промовираше нова песна заедно со спот. Станува збор за доста убава свадбарска песна со љубовна тематика која носи наслов “Прстен Несуден”.

-Повторно ќе кажам дека снимањето помина во една одлична атмосфера, со професионалците, тимот на ИН Продукција и Даниел Јовески. Можам да кажам дека видеото е како еден филм, односно во тие 3-4 минути колку што трае спотот може да се види еден прекрасен филм. Песната е со тажна приказна, но со весела музика, свадбарска песна е. Едноставно нашите да не ги забораваат свадбите и да се потсетуваат секогаш кога ќе го видат спотот и кога ќе ја слушнат песната. Мислам дека доловивме се што треба за една свадба, ќе видат гледачите за што станува збор откако ќе го погледнат.-истакна Гавазова за естрадниот магазин Естрада плус.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Сузана ја открива и пораката која што сака да им ја пренесе на гледачите и јавноста преку оваа љубовна песна.

-Можам да кажам дека е тажна приказната, но сепак завршува со среќен крај. Тоа е кога една љубов не успева и мислам дека сите тие кои што изгубиле некого не треба да се разочаруваат и дека ќе дојде љубовта која им била судена. Ќе видат гледачите и ќе проценат.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Од нашата атрактивна пејачка Сузана Гавазова секогаш можеме да очекуваме некое убаво музичко изненадување, а што ќе следува во претстојниот период од неа, останува да видиме.

Во продолжение погледнете го спотот за песната “Прстен Несуден” !!!

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*