Во сабота премиера на новата песна и спот на Драгана Јовановска

Драгана Јовановска сними спот за најновата песна која е насловена ,,Тајната на љубовта “. Премиерата на спотот е закажана за 6-ти Февруари на нејзиниот YouTube канал.

Младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска, која што на јавноста е добро позната од одличните настапи на српското шоу„Пинкови Ѕвездички“, има нова авторска песна. Станува збор за песната ,,Тајната на љубовта” за која што сними и доста професионален спот кој е во соработка со ИН Продукција.

-Песната првпат е изведена на меѓународниот фестивал ,,Ѕвездички ” каде што освоив Гранд При. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Миодраг Врчаковски, a музички продуцент е Александар Митевски. Песната се вика ,,Тајната на љубовта” за која што снимивме спот со ИН Продукција. Јас сум навистина презадоволна од производот кој го добивме, а наскоро ќе имате прилика и вие да го погледнете, поточно на 6-ти Февруари на YouTube каналот Dragana Jovanovska, каде што ќе биде и официјалната промоција.-вели Драгана за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Драгана Јовановска -Гага е родена на 3 декември 2006 година. Има 14 години, а на 7-годишна возраст започнала да посетува Музичко училиште и таму посетува часови по пијано и пеење. Подоцна следуваа многу 1-ви и 2-ри места на натпреварите за пијано и камерна музика.

На 8-годишна возраст таа веќе ја имаше својата прва песна на фестивалот „Златно Славејче“ каде беше солист и член на детскиот хор. На 9-годишна возраст беше примена на престижното детско шоу „Пинкови Ѕвездички“ каде стекна огромно искуство и многу нови пријателства кои продолжуваат до ден денес.

Иако е релативно млада, Драгана има 5 свои авторски песни: “Роденденски концерт”, “Мојата мајка”, “Светилка”, “Тој ден”, “Сакам овој ден да трае” и секако најновата песна за која наскоро ќе излезе и видео записот ,,Тајната на љубовта”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*