Лејди Гага конечно ја пронајде среќата во љубовта

Пејачката и актерка Лејди Гага е во среќна врска со бизнисменот Мајкл Полански, а по една година признава дека е среќна и лудо вљубена.

Својата љубов Лејди Гага и Мајкл Полански ја покажаа на неодамнешната инаугурација на претседателот Џо Бајден. По изведбата на американската химна, Гага со момчето си разменија бакнеж преку маска.

– На инаугурацијата Гага доживеа ерупција на одлично расположение. Многу е среќна со Мајкл и благодарна за неговата поддршка – изјави нејзин близок пријател за „Пипл“.

И на Полански му беше чест што може да биде зад кулисите и да ја поддржи својата партнерка.

– Му беше задоволство да е зад сцената и целосно се вклопи. Неколку луѓе со кои се сретна зад сцената на Капитол, Гага го претстави како свое момче – вели истиот извор, кој бил во придружбата на пејачката.

Откако лани во февруари ја потврди нивната врска, двојката главно се држеше подалеку од очите на јавноста, па доаѓањето на инаугурацијата на Бајден беше едно од нивните ретки заеднички појавувања.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*