БРАВИСИМО БЕНД СО НОВОГОДИШНО ШОУ

Почитувани,
Најпрвин да Ви ги честитаме Божиќните празници, да сте живи и здрави, новата година да Ви донесе многу радости и успеси.
Вербата ја прави секоја мисија возможна, надежта го прави секој подвиг достижен, љубовта ги прави сите наши дела прекрасни. Среќни празници!
Музиката е боженствена форма на емоции, во тоа име ние неуморно работевме во изминатиов период и вложивме многу труд да Ви подариме проект кој е составен од прекрасни Македонски песни, преработени од срце и душа за Вас!
“Музиката го изразува она што неможе да се каже и она што е невозможно да се молчи” – Виктор Хуго.
Голема благодарност до нашите пријатели и сите кои беа дел од овој проект:
Family Grill & Bar
Дарко Лазаревски
Дарко Николовски
Дуле Јанев
Гледајте, слушајте, споделувајте и уживајте!

Мартин Станковски клавијатури
Влатко Стевчев клавијатури бас
Ивана Наумова вокал
Дејан Силјаноски вокал
Иван Веселиновски гитара
Дејан Грујески кларинет саксофон
Мартин Макревски тапани

Најновиот проект на Брависимо бенд кој повеќе години опстојува на македонската музичка сцена,момци кои се родени за забава ветуваат и најавуваат и свои авторски песни со кои планираат да ја збогатат македонската музичка ризница,но и многу нови музички проекти.Брависимо бенд уживаат во светот на музиката и музичката сцена бидејќи тоа е местото каде што тие припаѓат и каде што се чувствуваат најисполнето. Брависимо Бенд е спој на искусни и талентирани музичари, кои со својот атрактивен и виртуозен стил придонесуваат за создавање на модерен звук негувајќи ја Македонската музика но и повеќе музички жанрови со кои овие талентирани момци успеваат да задоволат сечиј музички вкус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*