Аца Логос со нов кавер по повод 24-годишен јубилеј на сцената (ВИДЕО)

Важи за популарен помеѓу музичарите и близу три децении опстојува на македонската музичка сцена, а по тој повод струмичанецот Аца Логос ја чести публиката со кавер од Мухарем Сербезовски.

Имено, во новата 2021 година навршуваат цели 24 години од првото појавување на сцената на музичарот Аца Логос, па, ни повеќе, ни помалку, тој одлучи тоа да го обележи со нова музичка преработка која ја промовираше токму на нашиот портал.

Она што е интересно и што ветува е тоа што тој најавува и свои авторски песни со кои планира во полн ек да се врати на сцената, а сцената е местото каде што тој припаѓа и каде што се чувствува најисполнето.

-Пандемијата која не снајде неочекувано на сите ни ги затвори вратите, но и ни го ускрати задоволството да уживаме заедно со публиката низ нашите настапи. Се надевам дека крајот на пандемијата се гледа, па по завршувањето на истата ќе се посветам максимално на мојата публика, на која што и најавувам многу мои нови музички и професионални ангажмани во иднина – вели Ацо Логос за Плус 24.

Песната е снимана во студио „Папазов“, а за истата за микс, мастеринг, и аранжман е задолжен самиот Енис Папазов, додека видеото е снимано од страна на Студио „Полис“.

Во продолжение слушнете ја неговата изведба:

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*