Ташко Каранфиловски 2020-та ја заокружува со нова песна

2020-та година Ташко Каранфиловски ја заокружува со нова песна која носи наслов “Жена убава”. За почетокот на следната година најавува уште една песна која ја работи со добро одбран тим.

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски не мирува кога е во прашање музиката. Тој годинава ја заокружува со нова песна со која се претстави на годинешното издание на Роса Фест. Песната е насловена “Жена убава”, а е во брз и модерен ритам. Текстот за оваа песна го напиша Далибор Даки Ѓошиќ.

-Станува збор за песната “Жена убава” која е во соработка со Љупчо Соколовски-Бубе, Новица Василевски и Милан Завков. Убава песна за која што добив доста позитивни коментари и ми е голема чест и задоволство. Посветена е на сите убави жени, не постои жена која не е убава, се работи за весела песна. Сакам да кажам дека во неа се вели “Леле каква жена убава”, бидејќи секогаш ние на нашите настапи сме во дружба на жени и морав да направам и една ваква песна.-истакна Каранфиловски во интервју за ИН ТВ.

Ташко вели дека е презадоволен од крајниот резултат од песната, а уште позадоволен и посреќен е кога ќе добие порака од негови фанови, но и колеги со пофални зборови дека навистина направиле нешто добро.

-За нас како изведувачи секоја песна која ќе ја испее нормално дека ни е убава, но најубаво е кога публиката го кажува тоа. Иако веќе една година сме без публика и тоа стана многу тмурно, но се надевам дека што поскоро ќе го пребродиме ова и повторно ќе бидеме во рацете на публиката.-додава тој за Естрада плус.

Тој вели дека не застанува и дека продолжува со континуирана работа во полето на музиката. Открива дека со неговиот тим работат на уште една нова одлична песна за која што верува дека ќе биде промовирана во најскоро време.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*