Познат пејач неверојатно личи на Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ е легенда на поп музиката, кој доминира во цел регион, но и повеќе. Иако на Евровизија настапил во 1973 година со песната “Гори ватра“, евровизиските фанови и понатаму ја следат неговита работа.

Пејачот Амир Кажиќ Лео многумина во Србија го знаат по дуетот “Крени“ кој го направил со Северина Којиќ. Имено, Лео е копија која потсетува на Здравко Чолиќ,  а некои во шега велат дека тој е непризнаен син на легендарниот Чола, поради неверојатната сличност.

За време на големата популарност во Белград, Лео еднаш се пошегувал.

– Реков дека Чола скапо ќе ми плати, дека ќе барам алиментација за сите овие години. Да сум на негово место би снимил дует, да покажеме дека навистина сме многу слични и визуелно и вокално или не сме. Чола од мене е постар само 14 години и не може да ми биде татко – рекол Кажиќ.

– Не разбирам зошто Чола молчи, кога сите зборуваат за тоа. Да сум на негово место би го прегрнал, би се сликал и луѓето ќе замолчат. Тој се оградува, а јас не знам зошто – завршува Лео.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*