Анастасија Ражнатовиќ објави емотивни зборови за нејзината мајка

Ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ и нејзина музичка наследничка, пејачката Анастасија Ражнатовиќ, не крие колку е приврзана за нејзината мајка, па започна лавина од коментари со новата објава на својот Инстаграм профил.

Имено, Анастасија секогаш истакнува дека меѓу нив постои посебна врска, која никогаш нема да биде прекината, а сега успеа да ги воодушеви и разгали сите мајки и ќерки со една заедничка фотографија и објава со неа.

– Имаше моменти кога немав многу пријатели, но мајка ми секогаш беше пријателка. Секогаш – напиша Анастасија.

Инаку, Анастасија започна нов бизнис, откако поради коронавирусот беше принудена да го прекине објавувањето на новите песни и заокружувањето на нејзиниот прв музички албум. Таа започна да продава заштитни маски со стихови од нејзините големи хитови.

Неодамна, на инстаграм профилот сподели фотографија на која позира со црна маска на која со бели букви се испишани стиховите од нејзината песна „Ране“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*