КЕБА: Не знам што се случува со бракот на Игор и СЕВЕРИНА, не зборувам со нив!

Фолкерот Драган Којиќ – Кеба отворено проговорил за односите со синот и неговата сопруга и рекол дека не се меша во нивниот однос.

Северина со месеци не е видена во друштво на сопругот Игор, а нивните односи наводно се нарушени, а бракот им е во криза.

– Новогодишните празници ќе ги поминам дома, но се сомневам дека целото семејство ќе биде заедно. Кога веќе ме прашувате за Северина и Игор не знам што се случува со нивниот брак, не зборувам со нив. Ниту треба да се мешам во тие работи. Не се слушам често со синот затоа што има многу обврски, па често не е дома. Не знам што е со Северина, не сме зборувале за тоа. Таа долго е во Хрватска и не знам дали во скоро време планира да дојде, но тоа е нејзина работа, рекол Кеба.

На прашањето дали двојката Божиќ ќе го помине заедно, Кеба рекол:

– Син ми и снаа ми имаат свој живот. Нив морате да ги прашате, не можам да зборувам место нив затоа што и онака не сум добро упатен. Не знам ни јас.

До оваа пролет Северина беше во идеални односи со родителите на Игор. Но откако од Белград се врати во Загреб тргнаа шпекулациите дека се искарале, а се почнало со нејзиниот предлог да ја реновираат куќата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*