Божикно шоу на фолк дивата Сузана Гавазова-Специјални гости Влатко и Дамјан

Прекрасно Божикно шоу сними познатата Македонска фолк пејачка Сузана Гавазова кое ќе биде вистинско уживање за гледачите за време на празниците. Шоуто беше снимено во студиото на ИН Продукција, а специјални гости се Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски.

За еден од најголемите христијански празници Божик, гледачите на Сателитската ИН Телевизија ќе имаат можност да уживаат во одлично музичко шоу на нашата фолк дива Сузана Гавазова. Како што вели таа во интервју за ИН ТВ на репертоарот има добро одбрана македонска музика, отсвирена и отпеана во живо. Во текот на целото шоу Сузана и нејзините специјални гости, Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски, беа придружувани од врвни македонски музичари предводени од маестро Златко Миладиноски.

-Снимањето помина одлично, кога се работи со професионалци мислам дека тоа оди многу лесно и брзо се одвива. Чест ми е и задоволство што работам со такви професионалци и едни од најдобрите музичари во Македонија. Замислата ми беше да биде со Оркестар, имам и специјални гости, Влатко Миладиноски и Дамјан Стојаноски и за нив ќе кажам дека ми е чест што гостуваат во моето Божикно шоу, така да, мислам дека гледачите ќе бидат задоволни и среќни што снимивме убави македонски песни, кавери и обработка на мои македонски песни со нов аранжман на водечкиот инструмент хармоника на Златко Миладиноски. Песните се во живо, имаме и неколку заеднички изведби, преубави македонски песни, ќе слушнат нашите гледачи и навистина мислам дека направивме добар избор на песни.-истакна Гавазова за гледачите на ИН ТВ.

Божикното шоу на Сузана Гавазова и Пријателите премиерно ќе се претстави на Австралиската ИН Телевизија, а дополнително ќе биде емитувано на уште 20 регионални телевизии низ Македонија.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*