Бијонсе донира 500.000 долари на семејства погодени од корона кризата

Бијонсе ќе исплати половина милион долари неповратни средства на луѓе кои се соочуваат со последиците од станбената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.


Луѓето ќе можат да се најавуваат на нејзината страница до 7. јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб-страница. Парите ќе бидат распределени на 100 избрани лица на крајот на јануари.
„Бијонсе продолжува да обезбедува помош таму каде што е најпотребно. Во втората фаза од распределбата на средствата од фондот BeyGOOD Impact, помошта ќе им биде дадена на луѓето погодени од станбената криза“, се вели во соопштението.

Ова не е прв пат пејачката да им помага на заедниците погодени од пандемија. Пролетта годинава ги поддржа малите бизниси во сопственост на афроамериканци, обезбедувајќи грантови од 10.000 за 250 бизниси.
Во мај, таа и нејзината мајка Тина Ноулс отворија мобилни страници за тестирање на Ковид-19 во нивниот роден град Хјустон, Тексас. Исто така, во април, во партнерство со фондот Start Small Jack, таа донираше шест милиони долари за помош во борбата против коронавирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*