2020-та година беше доста плодна за маестро Гоце Џуклески

2020-та година помина доста работно и плодно за Гоце Џуклески. Нов албум со авторска музика, нова книга, но и престижна награда, е само дел од она по што Џуклески ќе ја памети оваа година.

Годинава беше доста плодна на музичко поле за познатиот музичар и композитор Гоце Џуклески. Тој во интервју за ИН ТВ раскажува што сработил, но и по што ќе ја памети оваа 2020-та година.

-Јас сработив доста работи и тоа…Нов албум со мои авторски ора, од печат извадив и нова книга која што е насловена “Балкански ороводни ноти”, со моето творештво излегов малку од границите на Македонија. Книгата е веќе излезена во продажба, може да се најде во Скопје и кај авторот, односно кај мене. Јас во електронска форма ја имам испратено во повеќе држави, значи не само на Македонци, туку и во Бугарија на бугарски  музичари кои ми беа дел од рецезентите, во Србија на прекрасни музичари кои се многу афирмирани таму, во Австрија ми ја побараа книгата, Америка, ќе оди и за Австралија и во други држави. Внатре има и Македонска музика и бугарска, српска, романска, влашка. Да продолжам понатаму. Со Милица Кузмановска годинава направивме прекрасни песни кои што веќе се на некој начин хит. И да не заборавам оваа година за мене беше доста среќна ја добив престижната награда од Роса Фест која е насловена како “Награда за животно дело во музичкото творештво”.-истакна Гоце, за гледачите на ИН ТВ.

Како што открива Џуклески за Естрада плус, деновиве од печат треба да излезе неговото најново авторско цд. Сите песни се отпеани од кадифеното грло на Милица Кузмановска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*