Цаки Кисми за Дочекот на Нова Година ќе им пее на неговите најмили

За првпат во повеќе од 25 години, Цаки Кисми за Дочекот на Нова Година ќе им пее на неговите најблиски. Тој вели дека се радува што Новогодишната ноќ после долго време ќе ја помине со семејството. 

Македонските музичари за Дочекот на Новата година секогаш се ангажирани со настапи не само во нашата земја, туку и насекаде низ светот каде што ги има нашите Македонци. Но, оваа година за жал поради пандемијата на коронавирусот, ништо нема да биде исто.

Сите настапи на Македонските пејачи се откажани, а повеќето од нив Новата 2021-ва година ќе ја дочекаат со нивните семејства. Еден од нив е и Цаки Кисми кој во интервју за ИН ТВ вели дека е пресреќен што за првпат во повеќе од 25 години ќе има можност да им пее на неговите најмили.

-Планирам да направам нешто што досега не сум го направил. Еве веќе 25 или можеби 30 години секоја Нова Година пеам некаде и никогаш не сум дома. Овојпат изгледа Господ сакал така, планирам дома да им пеам на моите и тоа без пари, ако фрлат бакшиш нешто добро, ако не, здравје. Ќе си земам лап топ, матрици и ќе им пеам на моите дома на најблиските. Нека си уживаат заедно со мене, а јас со нив.-открива Цаки за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Цаки Кисми неодамна го промовираше официјално6то видео за неговата најнова хит песна со наслов “Дур е жешко, дур е врело”. Спотот е во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*