ПОСЛЕ 4 ГОДИНИ НОВА ПЕСНА НА ХАРИ МАТА ХАРИ

Еден од најпопуларните пејачи во регионот Хари Мата Хари, ќе ја воодушеви својата публика со нови ноти и стихови за време на сезоната на празници.

– „Ова е подарок за Нова Година и мило ми е што сите за заљубени ќе можат да уживаат во оваа песна и нека, на некој начин, зацртаат подобра, претстојна година“, изјави Хари.

Воведните тонови и суптилните кадри сугерираат дека станува збор за балада, која сигурно ќе ги освои срцата на слушателите, а Хари објасни дека оваа песна потекнува од душата, и дека ги рефлектира препознатливата естетика и емоција кога станува збор за неговата музика. И не само музиката, туку и визуелната интерпретација на песната е суптилна, спотот е снимен во Белград, а минималистичките елементи ги постави во центарот една балерина што претставува девојче и пренесува љубовна приказна во која актерот вели: „Ја нисам сам што немам никог, ја сам сам што немам тебе.“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*