
Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот на Ѓоко Дичоски за песната “Чекај чекај мајко стара”?!
Ѓоко Дичоски го промовираше неговиот најнов спот за песната која носи наслов “Чекај чекај мајко стара”. Станува збор за песна која што е стара скоро 20 години, а за првпат е отпеана на фестивалот Гоце Фест.
Музиката е дело на Гоце Џуклески, текстот го напиша Орце Зафировски, а аранжманот е на Сашо Ливрински.
Снимањето на видеото се одвиваше на повеќе локации во Велмеј и Охрид, а спотот го изработи ИН Продукција.
Во продолжение погледнете го видеото !
Leave a Reply