Џељо Дестановски го претстави авторското оро “Дестанова ризница”

Џељо Дестановски го промовираше неговото најново авторско оро насловено “Дестанова ризница”. За следниот период најавува и нови инструментални дела, како и комлетирање на неговиот албум. 

Познатиот зурлаџија и виртуоз на дувачки инструменти Џељо Дестановски има ново инструментално дело кое е насловено “Дестанова ризница”. Како што истакна тој во интервјуто за ИН ТВ орото е негово авторско дело, односно тој се потпишува зад музиката и аранжманот.

-Најпрво би кажал дека со група Респекти настапив со нивната песна Свирете за зетот” за која музиката ја направив јас. Им Благодарам на довербата и соработката, со нив настапив на таа песна и секако изведов две мои ора. Едното е мое авторско музика и аранжман “Дестанова ризница” кое е сега најново и “Волшебен чочек” кој е направен токму за овој период за Нова Година, Божиќ и другите празници.-вели познатиот музичар во интервјуто.

За естрадниот магазин Естрада плус, Дестановски ни раскажа како за него поминува 2020-та година и што сработил годинава.

-Да бидеме реални почетокот на 2020-та беше добро се, па откако почна коронавирусот застанавме, но сепак јас работам на нови композиции, еве неколку ора имам извадено во текот на оваа година. Ќе продолжам и понатаму, но ситуацијата е таква насекаде не само кај нас, се надевам дека во најскоро време ќе се вратиме во нормала и ќе функционираме како што треба.-додава Џељо за гледачите на ИН ТВ.

2021-ва ќе биде посебно убава година за Џељо бидејќи токму во следната година тој ќе одбележи 10 години успешна музичка кариера. Џељо се надева дека во скоро време ќе успее да го заврши и неговиот албум кој го најавува подолг период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*