
Иако се обидува да јаде здраво секој ден, кога ќе ја фати желбата за калорична храна, популарната пејачка Ријана не бира што јаде, a потоа ќе мора да тренира три или четири пати неделно поради калоричните оброци.

Познатата пејачка и повеќекратна добитничка на Гремиво интервју за британски „Closer“ откри дека божиќните празници ќе ги помине во родниот Барбадос.
– Важно е да се биде со пријателите и семејството. Чувствувам неверојатен мир кога сум дома, на Барбадос. Тоа е најубавото место со најдобри плажи, храна и луѓе, изјавила Ријана, која притоа и признала дека во моментов ја завршува својата прва книга со рецепти од Барбадос. На оваа идеја дошла додека траел карантинот поради пандемијата, па поминала многу време во кујната.
– Го сакам она што го работам и секогаш сум презафатена, но карантинот ми даде време да правам работи за кои и немам многу време, а тоа е да готвам и да уживам во долги прошетки. Важно е да правиме мали работи во кои уживаме и да сме нежни кон себе – објаснува поп – ѕвездата, па додаде:
– Се обидувам да се хранам здраво секој ден, но не се откажувам од калорична храна. Сакам овчарска пита, макарони со сирење, пунч со рум … Ако посакам чизбургер – ќе го изедам, а потоа ќе вежбам три или четири пати неделно.
Што се однесува до новогодишните желби и планови, пејачката вели дека нејзината главна цел е да ја подигне својата музика и брендот „Savage X Fenty“ на повисоко ниво во 2021 година.
Leave a Reply