
Додека пејачката Јелена Карлеуша остана во Србија поради деловни обврски, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ замина на одмор со своите наследнички Атина и Ника.
Успешниот фудбалер ги однесе децата во Дубаи, каде што престојуваа и пред неколку месеци, додека пак пред две години таму беа во полн состав.
И тогаш тие престојуваа во луксузен хотел каде што и овој пат престојува Душко со своите ќерки.
Станува збор за „Jumeirah Beach Hotel“, каде што една ноќ, според досегашните информации на страницата, чини 1.089 долари, или 890 евра, за возрасен и за две деца.
Leave a Reply