Дамјан Стојаноски во 2021-ва продолжува со снимање нови песни

Дамјан Стојаноски во 2021 година продолжува со уште поинтензивна работа и снимање нови песни. Тој се надева дека што поскоро ќе заврши корона кризата и дека повторно ќе се дружат со нивната верна публика.

Еден од најпознатите и најбараните Македонски пејачи, Дамјан Стојаноски беше дел од снимањето на Новогодишното шоу на Австралиската ИН Телевизија. Тој во интервјуто истакна дека во следната година ќе работи со уште поинтензивно темпо и на неговите фанови ќе им подари нови песни.

-Мое е да работам, да правам и снимам нови песни и да се надеваме сите дека догодина коронавирусот веќе нема да постои и дека се ќе си биде во најдобар ред.-истакна Стојаноски за естрадниот магазин Естрада плус.

Со оглед на тоа што сеуште трае забраната за одржување на нивните настапи, Дамјан вели дека премногу му недостига дружбата со неговата публика, надевајќи се дека ова зло ќе заврши што поскоро.

-Секако дека ми фали публиката и дружбата како во Македонија, така и во странство во дијаспората. Се надевам дека и нив им фали дружбата и дека кога ова ќе заврши ќе биде уште поубаво од тоа што било. На гледачите би им посакал да го работат тоа што го сакаат, да си го живеат животот онака како што сакаат, да не слушаат многу лоши вести, да слушаат повеќе музика и да бидат со позитивна енергија.-додава Дамјан за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Дамјан пред само краток период ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Само ти”, со која што настапи на годинешното издание на фестивалот Роса Фест.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*