Александра Пријовиќ јасно и гласно порача: „Немам намера да останам само домаќинка“

Александар Пријовиќ, поради коронавирусот, целосно му се посвети на семејниот живот во последните девет месеци. Времето го поминува учествувајќи во растењето на нејзиниот син Александар, уживајќи со сопругот Филип Живојиновиќ, но дружејќи се и со пријателите во домашна атмосфера.

Во пресрет на Нова Година, пејачката откри дали ќе се откаже од кариерата поради домаќинството, како и бројни други актуелни работи од приватниот и професионалниот живот.

„Ги поминав овие девет месеци со мојот син и тоа е најубавото нешто за мене оваа година“, рече Александра, сумирајќи ги впечатоците во годината што изминува, па додаде дека не може да седи дома, да добива пари и да не прави ништо.

„Јас сè уште ја средувам куќата, но само да седам дома и ги извршувам домашните работи – не… Тоа никако! Па, јас сум по природа некој што сака да работи. Тешко дека би била само дома“, вели таа.

Пријовиќ има закажано Новогодишен настап во Белград, кој сè уште не е откажан. Таа посочува дека не планира да организира специјален дочек ако се случи да не пее во престижниот ресторан поради епидемиолошката состојба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*